Рада Манојловиќ среќата ја најде со својот емотивен партнер Влада Ранковиќ со кој неодамна започна заеднички живот. Како што претходно пишуваа медиумите, свадбата на Рада и Влада е планирана за мај 2025 година.
Сепак, како што пишува „Папарацо“, Рада ја одложила венчавката поради деловни обврски, а во договор со партнерот одлучила дека е подобро да застане пред олтарот наесен.
-Рада разговарала со Владa и му кажала дека нејзиниот план да се венча во мај создава тензија бидејќи има многу закажани настапи, па нема време да ја организира венчавката. Иако не планирале ништо големо, но да ги соберат кумовите и потесното семејство, сепак треба и тоа да го организираат – вели другарка на пејачката за споменатиот медиум.

-Влада и порача на Рада да не се грижи и да не си создава тензија, па тој самиот предложи да ја одложат венчавката за наесен. Тие ги разгледаа нивните планови и се согласија дека е најдобро да одат пред матичар во октомври. Рада веднаш и се јавила на нејзината сестра Маја која и е менаџерка и и кажала дека ја одложила венчавката за октомври и дека нема да закаже ништо до првата недела од октомври.
– Бидејќи венчавката ќе биде интимна, пејачката ќе облече едноставен бел фустан, па нема главоболка да бара венчаница. Сепак, тие разговарале дека по венчавката ќе одат на фармаи таму ќе ручаат и ќе прослават. Рада го известила и нејзиниот татко, кој многу го сака Влада и со нетрпение ја очекува нивната свадба, дека ќе се венчаат наесен, а тој малку се разочарал. Ја прашал ќерка си дали се е во ред, само Влада да објасни дека меѓу нив сепак се е совршено.
фото:Instagram printscreen/radamanojlovic