Радио Милева каде има чад, има и оган

Свадба се спомна, па… „Инбокс-от“ на Катарина Ивановска на апарати (фото)

Свадба се спомна, па… „Инбокс-от“ на Катарина Ивановска на апарати (фото)

Познатата македонска манекенка Катарина Ивановска се повеќе јавно ги подгрева муабетите за мажачка.

Кики редовно преку социјалните мрежи покажува дека во љубовта со партнерот Стефан Ханџиски и цветаат ружи, па оттука кога нешто е убаво и се’ оди како што треба, следното ниво разбирливо дека е очекувано.

Катарина неодамна преку една своја објава од која сакаше да се пошегува, го ослови Стефан како свој сопруг, а тоа секако не остана незабележано.

Вешта стратешка техника или нешто друго… Катарина Ивановска се омажи во тајност?! (фото)

Дали во меѓувреме имало уште некој дополнителен повод за подгревање на она што веќе е начнато, не знаеме, но она што сега Кики го објави е дека нејзиниот „инбокс“ или сандачето за пораки и е на апарати откако се спомнала свадба.

На се’ ова манекенката имаше да додаде само еден емотинон кој „плаче“ од смеење, а останатото повторно остана под прашалници.

Овој дел од приказната „сопруг и мажачка“ останува со онаа „каде има чад, има и оган“, а за останатото оставаме да стои – продолжува…

фото:Instagram printscreen/ ivanovska_katarina

To top