Сузана Гавазова присуствувала на 189-тото издание на фестивалот на пивото кој се одржува секоја есен во Минхен, Баварија.
Фолк пејачката веднаш се огласи од „Октобарфест“ на кратките приказни на Инстаграм, а со својата објава го привлече вниманието на сите кои се активни на социјалните мрежи.
Сузе на овој настан каде се собираат илјадници посетители кои сакаат забава и дружба, замина со нејзиниот сопруг Јасмин и неколку пријатели.
Она што остави впечатот е дека овој пат фолкерката свечените фустани, тешката шминка и високите потпетици ги заменила со кежуал стил па од нејзиниот гардеробер се одлучила за едноставни црни панталони, бела близа и патики, во издание кое е поразлично од препознатливото.
Секако, пејачката и сопругот одлучиле да се почестат со пиво и добра музика, а Сузе дефинитивно уживала да пие бидејќи сподели фотографија од голема и полна кригла.
Македонската фолк ѕвезда сними видео и ја покажа атмосферата под пивските шатори каде каде се промовира веганскиот производ – пивото.
фото: printscreen/instgaram/suzanagavazova