Крајот на годината е период кога се сублимираат резултатите , но естрадата и естрадните уметници периодот пред Нова Година го разбираат „како поле за естрадна жетва од народот“, а за возврат му нудат песни, забава и разонода, за добро расположение кза крај на старата и вовед во новата година што чука на врата.
Така било отсекогаш, така е и годинава кај сите, па и кај Сузана Гавазова која веќе знае каде и со кого ќе настапува и во деновите пред и вечерта за дочекот на Новата Година.

Но атрактивната струмичанка во подготовките за своите празнични настапи налетала на една од старите предновогодишни фотографи од пред десет и кусур години, па решила самата да си направи споредба, како изгледала некогаш и сега.

Фотографијата од далечната 2012 -та година, а на неа Гавазова пред накитената елка и украсениот дом или некој локал ќе да е, во крзнена бундичка позира претпразнично расположена и насмеана.

Сега, 13 години подоцна, фолкерката осамна на нова предновогодишна фотографија. Само овој пат во малку поразличен аутфит и поинаква поза… Клечечка.

Во црни чизми со високи потпетици, и овој пат наметната со крзнена бундичка, само сега црвена, Гавазова изгледа како како заводлива секси дадамразица која секое вистинско машко би посакало наместо Дедо Мраз, таа да му тропне на врата, како подарок што не се одбива.
Компарацијата што самата фолкерка си ја направила споредувајќи ги двете фотографии укажува на следното: Во ликот непроменета, во стилот помодерна, а во сексапилот разликата е евидентна од одма – Сузана Гавазова е „еротска бомба“!

Кој не верува два пати убаво нека погледне во уште една нејзина, најнова предновогодишна фотографија што ја бранува машката фантазија, ја буди и поттикнува волшебната игра на сите сетила.

После тоа кажете дека сексапилната струмичанка не е марка… Или што би рекле, Гавазова е… „еротска нуклеарка“!
Фото: Фејсбук и Инстаграм/suzanagavazova






