Водителката Сузана Манчиќ од минатата година и официјално е во пензија, а сега ги откри и месечните примања.
Сузана признава дека не и било секогаш лесно, но дека и покрај малата пензија е задоволна од она што моментално го има.
– Понекогаш имаш пари за да можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но немањето не е страшно. Страшно е кога немаш за лекови, за некои основни работи, но фала богу, пензијата стигнува. Некому му открив колку ми е пензијата, па се запалија порталите како „скандалозно колку е пензијата на Сузана Манчиќ, 53.000 динари“. Па, за не дај Боже, луѓето живеат со таква пензија“, рече Сузана и додаде дека парите што ги заработувала секогаш ги трошела рационално.
Сузана истакна и дека е горда на тоа што го стекнала за речиси 50 годишната кариера.
фото: printscreen/instagram/suzanamancicofficial