Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, по брилијантните партии во Шпанија во дресот на „Рајо Ваљекано“ летово направи трансфер во многу поголем и познат клуб од „Ла Лига“, некогаш моќната „Валенсија“.
И додека македонскиот голман е во фокусот на трансферите, дали ќе остане или веднаш ќе си замине, ако досегашниот прв голман на Валенсија, Грузиецот Мамардашвили клубот не го продаде, една друга ситуација почна да ја бранува јавноста, особено на социјалните мрежи.
Имено, како што и ние оддамна сме пишувале, Столе Димитриевски до пред некое време беше во врска со атрактивната Шпанка по име Лори Фраиз.
Љубовта цветаше, барем тоа така изгледаше на објавените фотографии кои повеќе таа отколку тој ги споделуваа на Инстаграм.
Нежни гушкања, врели бакнежи, топли прегратки, неизмерни изливи на емоции осамнуваа на објавените слики на кои двајцата беа во разни прилики.
Од летни одмори на море, до новогодишни шопинг прошетки…
И кога сите мислеа дека топката тешко му влегува во голот, ама шармантната шпанска убавица лесно му влезе под кожа – штама!
Наеднаш Столе го снема од нејзиниот Инстаграм, а очигледно и од нејзиниот живот, што се покажа подоцна како точно!
Македонскиот голман никогаш не ја отворил душата и не зборувал за својот приватен живот. Не барем за врската со убавата Лори! Дали по неа душата се’ уште му гори или ладно ја избришал од сеќавањата, ќе остане да дознаеме во првата можна прилика… Ако и тогаш сака да зборува!?
Дотогаш останува фактот дека Столе Димитриевски го смени клубот, а неговата поранешна девојка го смени момчето… И што е најново, сега е бремена. Се разбира од друг маж!
Имено, бившата девојка на македонскиот репрезентативен голман обзнани на Инстаграм дека чека бебе! И тоа со фотографии од себе и нејзиниот труднички стомак во подмината бременост.
Патем, не го крие таткото на нејзиното идно чедо, како ни направеното ехо на кое јасно се гледа бебенцето кое доаѓа. Во случајов прво – па машко! Така барем обзнаниле пресреќните идни родители во постот покрај споделените фотографии.
„Пред неколку месеци дознавме дека си не избрал за родители Енцо и еве од другата страна те чекаме со сета љубов на светот подготвена за тебе, веќе те сакаме мало момче. Потпишани, твоите РОДИТЕЛИ“ – напишале тие откривајќи го и полот и името на приновата во очекување.
А, Столе? Било некогаш, а останало само во сеќавањата… И се’ уште на понекоја „подзаборавена“ фотографија, остната на нејзиниот Инстаграм!
Фото: Инстаграм/laury_fraiz/stole_gk