Промотер

Стојне Николова секси до болка, провокативна до коска и ептен добра во – „Лоша“ (ВИДЕО)

Стојне Николова секси до болка,  провокативна до коска и ептен добра во – „Лоша“ (ВИДЕО)

Стојне Николова е една од ретките за која може да се каже дека е комплетна пејачка, кога е во прашање естрадната уметност. Пејачка која зад себе освен авторски песни, има и преработки на традиционални македонски песни. Во својата кариера ниже хит по хит, а од пред некој ден ја оправда довербата на публиката и го објави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Лоша“.

Песна за која сними модерен, провокативен, но и прилично скап видео запис. Атрактивната пејачка во спотот се појавува во неколку провокативни изданија во кои Стојнето зрачи со сексапил.

„Лоша“ е модерен фолк кој веднаш влегува во уво, нешто поразлично од досегашните песни, новата нумера ја возбуди публиката, а доказ за тоа е и големиот број на позитивни коментари од страна на нејзините приврзаници и следбеници на социјалните мрежи.

И на овој проект, Стојне работеше со веќе проверениот добро познат тим. Текстот е на Борчe Димитров, музиката, аранжманот и режијата на видеото ги потпишува Бобан Мојсовски, аудио продукцијата е направена во „Студио Анастасија“, додека зад  видео продукцијата стои  „Артистик Филмс“.

Стојне Николова со полна пареа работи на својата кариера и како што вели и самата, ужива во истото. Ова е само мал дел од сето она што следува во иднина од неа, а додека ги чекаме новите материјали од темпераментната и сексапилна струмичанка, уживајте во „Лоша“.

To top