Радио Милева вечна младост

Стојна Костовска одржа лекција за самодоверба: „Имам 70 години, но не би се дала за жена од 40 години“ (видео)

Стојна Костовска одржа лекција за самодоверба: „Имам 70 години, но не би се дала за жена од 40 години“ (видео)

Нашата позната пензионирана актерка Стојна Костовска важи за дама со стил која не им се дава на годините.

Иако навлезена во осмата животна деценија, госпоѓа Костовска ниту изгледа, а ниту пак се чувствува како за годините што ги има, а за неа се само број.

Живееме во период кога на социјалните мрежи се актуелни популарно наречените „reels“ видео парчиња од емисии и подкасти, а едно такво, иако старо неколку месеци, сега вирално врти по Фејсбук и Инстаграм.

Главна од истото, токму Стојна Костовска која и беше гостинка на Снеже Велков во „Нешто конкретно“ каде одржа лекција за тоа што значи самодоверба.

Секогаш средена од глава до петици, госпоѓа Костовска преферира да си го направи сопствениот мерак и да  го каже се’она што и лежи, за  да и биде убаво на душата. Модерна и трнди, насмеана и позитивна без оглед на тоа колку лета има зад неа.

Заклучок, како се чувствуваш одвнатре, така и рефлектираш однадвор!

фото:Instagram printscreen/nestokonkretno1/ facebook/ Stojna Kostovska

To top