Радио Милева за Ангелов нема брачна криза

Стојанче стига секаде, па и на семеен ручек: Директорот на ЦУК како да може да биде на две-три места во исто време, па успеа да најде време да ја прослави и брачната годишнина (ФОТО)

Стојанче стига секаде, па и на семеен ручек: Директорот на ЦУК како да може да биде на две-три места во исто време, па успеа да најде време да ја прослави и брачната годишнина (ФОТО)

За Стојанче Ангелов велат дека е човек за сите времиња. Вистински, на вистинското место. И можеби единствениот од бившата влада што заслужил да си го задржи местото – директор на Центарот за управување со кризи – ЦУК!

Екс генералот и воен ветеран тоа најдобро на дело го покажува деновиве, кога низ Македонија беснеат пожари на многу различни локации. Ама Стојанче секаде успева да стигне. Да биде на самото место, да командува и координира, па дури и самиот да гасне. Зашто поинаку и не знае, таков му е табиетот, да биде речиси постојано на терен, каде рамо до рамо со пожарникарите работи на гаснењето на бројните пожари.

Арно ама, Стојанче не би бил специфичен и познат по мноштво нешта, меѓу другото и по тоа дека успева да стигне секаде… И на терен и на ТВ, па дури и на семеен ручек, со „дебел“ повод!

Имено,  според она што го објавил на својот Фејсбук профил, вчера, четврток 8-ми август му беше годишнина од бракот со сопругата Јасмина. И во сиот метеж, сета алармантна состојба, Стојанче најде време истата да ја прослави, до душа како што вели, набрзина, ама сепак значајниот датум го испочитува.

И тоа не било како, туку со семеен ручек заедно со неговата сопруга и децата, кои баш не сакаат да се сликаат, ама во ваква пригода би било греота да ги нема на свечената семејна фотографија.

Што се славело знаеме, а што се ручало не дознавме? Свинско, пилешко или „рибешко“? Ама затоа што се мезело и пиело се гледа од приложеното. Шопска и узо за дамата, помфрит и пивце за генералот, салатичка вода и Кока кола за децата!

Впрочем тоа не е ниту толку важно, колку ште е важен чинот и пораката што Стојанче ја испраќа, колку покрај работата си ги сака и почитува сопругата, бракот и фамилијата! Со еден збор за директорот на ЦУК – нема брачна криза! Напротив…

„Додека јас, во целата гужва со пожарите, по повод годишнината од брак со мојата прекрасна сопруга Јасминка од кој се изродија нашите уште попрекрасни чеда Сара (15) и Марко (14) седнав на еден брз семеен ручек, на пожарите се нафрли извонредниот тим од Главниот штаб за управување со кризи“ – сподели Ангелов нпокрај фотографијата од семејниот ручек со повод  во еден од познатите ресторани крај Велешкото езеро.

Епа, нека му е честито! Нека му се множат брачните години, а угаснат сите можни пожари!

Фото: Фејсбук/Стојанче Ангелов

 

To top