Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја последниве години според многумина изгледа подобро од кога било, а сега ја откри тајната на својот изглед.
– Празниците ќе ги поминам со спиење, јадење, шетање, па повторно спиење, повторно јадење и во круг. Колку повеќе јадам, толку подобро изгледам. Така е последните 10 години, затоа решив да јадам и да бидам среќна – изјави Стоја, а потоа ја коментираше кариерата и ги нападна колешките.
– Ништо не ми е тешко бидејќи се следам само себеси и се занимавам само со себе. Кога секој ќе научи да се фокусира само на себе, да гледа како изгледа, како пее, какви тезги има и колку подарува, кога ќе сфатат дека не е се во озборување и плукање, Господ ќе ги награди.
Стоја се осврна и на темата за нејзиниот успешен брак, откривајќи дека нема формула.
– Само треба да го оставиш да тече, нека тече, пушти го, нека прави што сака. Нема проверка, нема љубомора, не постои затоа што сум сигурна во себе. Јас сум најдобрата риба и сопруга – рече таа, а потоа ја допре популарната тема развод.
– Не се разведува само естрадата. 21 век е, сите и се сакаат и се разведуваат – заклучи Стоја.
фото: printskrin/instgaram/stoja_institucija