Радио Милева албум на љубовта

Стефан „Некст тајм“ ги сподели со фановите најубавите и најемотивните моменти од свадбата

Стефан „Некст тајм“ ги сподели со фановите најубавите и најемотивните моменти од свадбата

Стефан Филиповски, пејачот на „Некст тајм“ и официјално е женет човек.

Извминатиот петок Стефан и сега веќе сопруга Тинеа, си ветија љубов пред Бога во Соборниот храм во Скопје, додека во саботата (19. Јули) направија и свадбена веселба.

Свеченоста беше модена верзија која во делови потсетува на мини концерт од нивните патриотски песни, а во делови и на елекро журка.

Created with RNI Films app. Profile ‘Agfacolor 40’s Aged’

За музичкиот дел беа задолжени музичарите од група „Арија“ за кои Стефан во поткастот кај Боки 13 кажа дека сметал се најдобриот избор за свадба.

Меѓу гостите беа и дел од познатите колеги и соработници како: Влатко Лозаноски, Боки 13, композиторот Никола Мицевски и други…

Сега токму во време кога ги средуваат впечатоците од големите свадбени два дена, Стефан ги сподели со фановите највпечатливите фото моменти од свадбата правејќи една богата галерија која се најде на официјалната страница на „Некст тајм“.

Сега и двајцата браќа се женети луѓе, Марин се венчаше со ракометарката Андреа минатата година, а пред осум месеци ја добија и ќеркичката Лиана.

Во продолжие погледнете како беше на свадбата на Стефан и Тинеа и што ќе стои во нивниот свадбен албум:

фото: Facebook / Next Time / 📸by Baba 3D studio

To top