Радио Милева компромис или одзмазда?

Стефан Лазаров лут на сопругата: Познатиот јутјубер во брачна дисхармонија – вака Марта му лази по нерви (видео)

Стефан Лазаров лут на сопругата: Познатиот јутјубер во брачна дисхармонија – вака Марта му лази по нерви (видео)

Не за попусто се вели дека автомобилот му е како втор дом на мажот, а го третира како втора сопруга, па со неа сите правила се поинакви од оние како со првата и вистинската. Таа посебна врска е со толку силна хемија што ретко би можела да се расипе, па дури и кога е така, истата не е (не)поправлива.

Познатиот јутјубер Стефан Лазаров од пред неколку месеци има нов автомобил од марката „Мерцедес“, а исто е и во тазе брак со неговата сакана Марта.

Но, правилата си се правила, како нејзини, така и негови, па попушање и компромиси за одредени нешта Стефан немa, особено кога автомобилот е во прашање.

А Марта сакаше да се протегне, па ги соблече обувките и ги качи нозете со чорапи на шалтаблата, а тогаш навјасааа црни облаци. На Стефан му се „стемни“, па му излета дали е ова причина да ја „убие“ или и тој да ги стави своите нозе врз нејзините шминки.

Вака или онака таа моментална брачна дисхрмонија веруваме дека се реши, таа малку се протегна, на автомобилот секако не му беше ништо.

A за следен пат Марта веројатно ќе подразмисли или дипломатски со компромис ќе го реши Стефан- љубовно секако!

фото:Instagram printscreeen/

To top