Популарната старлета редовно тренира, а сега реши да им го покаже на сите.
Станија Добројевиќ може да се пофали со совршена фигура, а судејќи по кадрите од теретана кои ги сподели на социјалните мрежи, до таму стигнала преку напорни тренинзи.
Старлетата покажа како тренира и откри дека освен со вежби на машини, се занимава и со бокс, поради што секогаш многу се поти.
Покрај совршеното тело, Добројевиќ демонстрираше и исклучителна сила со изведување на став на глава, што е познато како исклучително тешка вежба.
За тренинг, старлетата избра предизвикувачки аутфит во омилената розова боја, кој ги истакна сите атрибути на Станија.
Да потсетиме, Станија по турбулентен период ужива во љубовта со Асмин Дурџиќ, кој неодамна го посети Мајами и за таа прилика изнајми розе „Бугати“, со цел да се повози со својата сакана, чија омилена боја етокму таа.
фото: print Screen/Instagram