Радио Милева Срце од срце

„Срце – бавча“: Лора Турунџиева за мама засука ракави, се соблече боса и направи гест од кој Сузе не можеше да биде посреќна (видео)

„Срце – бавча“: Лора Турунџиева за мама засука ракави, се соблече боса и направи гест од кој Сузе не можеше да биде посреќна (видео)

Март е нејзиниот месец, период во годината резервиран за емотивците, астролошките риби меѓу кои е и ТВ водителката, писател и музичар Сузана Турунџиева.

Таа секогаш гледа да ја најде светлата страна и убавината на денот, а кога во истото ќе придонесат и останатите, особено нејзинните сакани, тогаш на радоста и среќата им нема крај.

Оние што знаат да ги вреднуваат „малите нешта“, можат да уживаат и повеќе, а секој земен здив да биде полн со љубов и убавина. Познато е дека Турунџиева изработува ракотворби од каменчиња кои рачно ги слика, а оние во форма на срце и се омилени.

Ова им е добро познато на нејзините најблиски, па и оние што ја следат и ја сакаат нејзината работа, а добро знае и нејзината ќерјка Лора која се потруди со еден гест да ја израдува мама.

Имено, тие неодамна беа на плажа, да уживаат во воздухот и свежината и кога не е сезона за капење. Лора од брегот и плитката вода забележа навидум мал кмаен во форма на срце, засука ракави, се соблече боса и влезе во водата за да го извади морскиот подарок за Сузе.

Во водата каменот  навидум изгледал мал, но кога го донесоа дома и го ставија на вага, видоа дека имаат уникат на природата тежок 11 килограми.

На прв поглед, во плиткото, изгледаше како (камен) срце со просечна големина и тежина…
Ама, откако ќерка ми Лора (знаејќи дека мајка и е пасиониран колекционер на срциња) стори ниет да го извади и да ми го донесе, сфативме дека се работи за мега камен СРЦЕ , тежок точно 11 килограми. Душата – бавча, колата стежната, а децата среќни кога е мајка им среќна. И по не знам кој пат, на враќање накај дома си ја пуштивме “Срце није камен ” и Тоше, напиша Сузана.

Гестот и видеото нека бидат еден потсетник дека на човека ако ја знае вистинската вредност во животот му треба малку за да се израдува, не се потребни драгоцени камења, туку оној даден од срце.

фото:Facebook / Suzana Turundzieva

To top