Радио Милева непријатен спомен

Српската актерка раскажа анегдота од сцена каде била злоставувана од колега на кој му вратила по 20 години (фото)

Српската актерка раскажа анегдота од сцена каде била злоставувана од колега на кој му вратила по 20 години (фото)

Актерката Радмила Живковиќ открива дека во текот на кариерата доживеала непријатно искуство со колега.

Како што објаснила, таа и Љубиша Самарџиќ снимале сцена во која тој е сликар, кој го насликал нејзиниот портрет со голи гради.

-Тој е сликар, замислил дека тој портрет го направил со голи гради. Имав и свилена блуза, груба и јака. На пробите правеше се како што треба, а кога беше вклучена камерата почна да ме откопчува и да се обидува да ме соблече. Го држев со двете раце, бидејќи не смеев да ја прекинам сцената. Кога дојде ред да застане, видов дека имам крвава расекотина од таа сила – вели Радмила Живковиќ покажувајќи кон рацете.

Таа понатаму наведува дека целата ситуација и била многу тешка, но не ја пропуштила можноста да се одмазди на колегата.

– Плачев, не пред нив се разбира, а кога заедно снимавме филм после 20 години, го „убив“ со чадор. Го претепав со чадорот. Зоран Цвијановиќ сакаше да го брани, Љубиша Самарџиќ, нека му е лесна земјата. Тоа е анегдота, ми остана цел живот – вели Радмила Живковиќ.

фото:Printscreen/  You Tube/ Zelena Šljiva/ Prva TV

To top