Радио Милева во потоплите краишта

„Среќни денови“ – Елена Стојановска на совршен одмор во тиркизен костим за капење

„Среќни денови“ – Елена Стојановска на совршен одмор во тиркизен костим за капење

ТВ водителката Елена Стојановска ја напушти Македонија и замина во потоплите краишта.

Со оглед на тоа што температурите кај нас се пониски, згодната водителка одлучи да замине на една од тропските дестинации, а овој пат ги одбра Малдивите како идеално место за одмор.

Нејзините неодамнешни објави откриjа дека вистински ужива со семејството. На фотографиите блеска со својот стилски изглед, за кој доби и многу компименти од нејзините обожаватели.

За оваа пригода таа носеше проѕирна бела наметка за плажа под која ѕирка нејзиниот тиркизен костим за капење.

Прекрасното тропско опкружување што го покажа, навистина изгледа волшебно, но покрај убавината таа сподели и еден емотивен момент.

Најголемиот повод за радост беше  роденденот на нејзината ќеркичка кој го прославија со роденденска торта  на Малдивите – убав и незаборавен момент на езготично место.

Foto: Print screen/Instagram/enna_inna

To top