Фолк пејачот Спесен Силјановски деновиве се отвори пред камерата на „Бекстејџ“ каде меѓудругото тема на разговор беа хејтерите, односно сите оние што секогаш имаат нешто лошо да кажат и постојано да се вртат во круг околу негативното од разни општествени акпекти.
Спасен не можеше да го премолчи моментот за тоа како гледа на ваквите луѓе, па споредбата меѓу доброто и лошото ја најде преку една метафора меѓу пчела и мува, па кажа:
View this post on Instagram
-Има два видови на луѓе, едните имаат визија односно перцепција на пчела, другите на мува. Знаете што значи тоа? Ако вие една мува пуштите во ливада со цвеќиња, таа со саати ќе лета додека не најде да седне на фекалии или обратно. Ако пуштите пчела во поле со фекалии, таа ќе лета со саати додека не најде цвет и ќе застане. Човек гледа во вас не тоа што сте, туку тоа што сака тој да го види, заклучува пејачот за тоа како тој гледа нанештата.
Целиот разговор го имате на Јутјуб каналот на Бекстејџ…
фото: Facebook/ Spasen Siljanoski/ Backstage