Актуелната водителка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ, деновиве е во центарот на медиумското внимение откако пејачот Аца Лукас изјави дека бил интимен со неа. Оттука, српските медиуми се „пуштија“ во прибирање информации, а каде ако не, туку кај соседите на Ана.
Пејачката и водителка минатата година со семејството се пресели во луксузна вила на Бежанијска коса, а сега за неа проговорија нејзините нови соседи.
-Ана последните неколку дена е во тотален хаос. Сè уште е во процес на преселба, нема сè во ред. Има голем број мајстори и аранжери, бидејќи сака се да доведе до совршенство. Таа беше особено вклучена во уредувањето на дворот. Нејзината цел е да ја направи нивната палата како холивудска. Нејзе ѝ е особено важно да ја зачува приватноста на семејството и на себе, па затоа инсистираше на високи порти и високо ниво на заштита. Затоа куќата е опкружена со високи порти, а на влезот има чувар кој ќе биде задолжен за безбедноста 24 часа“ – вели сосед.
Во близина живеат и Саша Поповиќ, Лепа Брена, Александра Пријовиќ, Драган Којиќ Кеба и многу други естрадни ѕвезди, па затоа е елитна населба.
Нејзиниот двор е толку голем што нејзините деца ќе имаат многу простор за игра, а во близина има одлични места за прошетка и уживање.
-Се уште не сум ја запознал. Таа е многу зафатена со куќата и со новата работа. Овде во Бежанија сите се познаваме, па порано или подоцна ќе се сретнеме“, изјави друг сосед.
Резиме- сеседите секогаш имаат да кажат нешто, па и сешто, само кој ќе биде затекнат во моментот…
фото:Instagram printscreen/anasevicofficial