Најпознатата или барем медиумски најекспонирана фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова имаше „луд и незаборавен“ викенд. И тоа со нејзиниот сопруг Кирил, кој славеше роденден, а неговата секси сопруга, му приреди роденденска бикини журка за паметење.
За спомен и долго сеќавање, зашто занете како се вели: „Какво доживување, такво сеќавање, кој како ќе си помине, со такви спомени ќе си замине…“! А барем од прикажаното, овде роденденското славје било многу јако! Можете само да замислите како било она што не е за покажување…?!
Нејсе, она што е познато е дека Ана и нејзиниот сопруг решиле да направат вистинска бикини забава… Крај отворениот летен базен со панорамски поглед на „големата вода“, а на забавата поканети другарите, блиските пријатели, соработниците…
За музичкиот дел на журката која започнала уште среде бел ден специјално задолжен и ДЈ!
И додека едни се журкаат, други освежуваат со коктели, трети се разладуваат уживајќи во водените лудории. Славеникот како на олимпијада – скок во базенот со салто мортале…
А сопругата, налик на колумбиска мафијашка шефица Гризелда…Легната во гумата за пливање, со чаша пијалак вршеше постојано „снимање“ на ситуацијата. Во вода до пола, за видео-надзор во живо, дали е се’ под контрола!?
Славеникот пак, – мултиталентиран… И за ДЈ-ување и за танцување…
„За се мајка го родила“ што би рекла во пофалбите неговата секси сопруга додека му се беше придружила во „ѕенѕањето“, која пак малку подоцна ќе покаже каков експерт е и во танцувањето!
Особено кога и ја погодија песната, а „растресената“ Ана во бели мини бикини дополнително атмосферата ја доведе до лудило.
Телесниот раскош на расната велешанка видливо доминантен, па со секое нејзино движење во ритамот на музиката покажуваше зошто е токму таа – таа, што ја прави разликата. И со своето расположение и со возбудливото положение!
Роденден без торта не е бидува, зашто на денот што го чекаме цела година, едвај чекаме да ги дувнеме свеќичките заради моментот во кој сите очи се вперени во нас и сите желби и убави зборови се кажани за нас.
Ана тоа добро го знае, па таа како дива ѕверка во фустан со леопардов дезен, нежно скротена кај својот алфа мажјак во исто таква кошула, беше таа што му ја донесе роденденската торта и тоа со песна. Онаа познатата „Happy birthday to You…“, ама во еротска, секси изведба, како своевремено Мерилин Монро на Џ.Ф.Кенеди… Како увертира на она, што потоа ќе следи.
Па откако се дувнаа свеќичките, посакаа желбите, уште еднаш изразија честитките… роденденската забава можеше да продолжи до длабоко во ноќта и тоа со „танцот на ѕвездите на вечерта“…
Домаќинката Ана и познатата инфлуенсерка Бети Котовчевска попозната како Бетика, со својот возбудлив танц ја зачинија роденденската журка, додавајќи и на сета забава дополнителна доза на еротика.
„Како Шакира и Бијонсе“, што би рекле самите, со своите еротски движења, двете возбудливо танцуваа нишајќи ги колковите, увивајќи ги телата и своите карлици додека заводливо мешаа со нивните секси задници, по што голем дел од присутните машки, веројатно посакаа вака да им изгледа секој роденден… Ма сите викенди и празници!
Забава до бесвест, адреналинот до небо, хормони летаа ко балони, а тестостеронот – до плафонот!
Атмосферата од роденденската бикини забава на сопругот на Ана Стојанова во јавноста може да оди дотука! Роденденското „афтер парти“ , во кое не се знае што било повозбудливо, дали честитката или врачувањето на подарокот, останува во доменот на интимата на инструкторката и славеникот!
Фото и видео: Инстаграм/annstojanova