Петар Грашо и Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете. Ова го потврди Грашо во емисијата Ин Магазин.
Тие ќе станат родители по вторпат, откако пред година и девет месеци ја добија ќерката Алба. Хрватскиот портал „Индекс“ стапи во контакт со Тончи Хуљиќ, кој изјави дека „не сака да го коментира својот приватен живот“ и дека „Петар потврдил се“.
Детали за бременоста на 14 години помладата Хана не сподели, па засега не се знае кој месец е, но и дали веќе го знаат полот на бебето.
Хана последен пат се појави во јавноста пред десетина дена во Сплит на изложба и раскажа колку радост им донела ќерката Алба која во јули ќе наполни две години.
фото: printskrin/instagram/hana.huljic