Радио Милева нереален изглед

Софија Вергара се потсети на една стара секси фотографија, но освен пофалби доби и критики (фото)

Софија Вергара се потсети на една стара секси фотографија, но освен пофалби доби и критики (фото)

Атрактивниот изглед на Софија Вергара ги поместува границите и ги руши сите предрасуди, а речиси секоја нејзина објава на социјалните мрежи покажува колку луѓето се воодушевени од изгледот на убавата актерка.

Шармантната Колумбијка Софија Вергара не престанува да ја интригира јавноста. Благодарение на хуморот, непосредноста, но и нереалниот изглед, таа е една од најследените ѕвезди.

Секое нејзино појавување е приказна за себе, а оваа убавица моментално ужива во сингл живот, по уште една неуспешна врска.

Нејзината последна објава во танга бикини, која буквално ги урна социјалните мрежи, покажува дека таа не тагува многу.

Вергара обожава да ги покажува своите раскошни облини, кои и донесоа многу признанија во кариерата, но овојпат освен пофалби за изгледот, Софија доби и неочекувани критики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Иако не е нова фотографија, Софија само се потсети на некое минато време, но тоа беше доволно да предизвика лавина од коментари.

Покрај позитивните во кои само ја фалат, многумина се осврнаа и на нејзиниот љубовен живот. По разводот со Џо Манганиело, таа нема многу среќа во љубовта, па луѓето се прашуваа зошто е тоа така.

„Убавината е пријатна за око, но успешна врска бара многу повеќе“, „Затоа што е најверојатно на долг рок заморна“, беа дел од коментарите.

фото: printscreen/instagram

To top