Има луѓе кои кога ќе влезат во просторијата, го носат целиот свој живот со себе – без филтри, без вештачки насмевки и без потреба да му се допаднат на светот по секоја цена.
Токму една таква искрена, силна и емотивна бура предизвика познатата македонска вокалистка Софче Џорлева со своето неодамнешно гостување во утринската програма на Канал 5 Телевизија, во емисијата „Здраво Македонијо“.

Темата беше достоинствено стареење, а Софче, во свој препознатлив манир, удри директно во центарот на општествената опсесија со вечната младост.
-Абе луѓе, све у свое време. Зашто постои пензија? За да си одиш да си уживаш! Нели е така? Да се одмориш. Сега јас штикла не можам да облечам, на рамно се одам, некогаш и ќе поткривнам, ќе те заболи нога, реума, што е најнормално во староста. Значи достоинствено да си одрате човек. Не може да изгледда, да прави тоа липосукции, како се вика тоа не знам…да се мазниш да се пустиш, како јас што ја имам тука гушава. Татко ми имаше ваква. Ама сега во старост, колку и да правиш, не е тоа, тоа бре. Остари си природно, биди си тоа што си и пријатно со здравје! Брчки, тоа е најнормално. Е сега, не ми недостасува, сега ќе се дотерувам, пак ќе се шминкам на сцена. Ми недостасува единствено што не излегувам од дома, кажа госпоѓа Џорлева.
View this post on Instagram
За оние со пократко сеќавање, јавноста добро знае која е Софче, па и регионот по нејзиното учество во „Никогаш не е доцна“. Долги години таа беше дел од Македонската опера и балет, оставајќи свој белег на сцената.

Професионално, таа е глас кој публиката го памети, жена со раскошен талент која сцената ја делеше со најдобрите.

Приватно пак, Софче е во среќен долгогодишен брак од кој ги има наследниците, пејачот Огнен Здравковски и ќерката Оле која е виолинистка, а исто така од поново време Софче ужива и како баба на внукот Алекса.
фото:Facebook/Sofce Dzorleva





