Пејачката Драгана Мирковиќ реагираше на злоупотребата на името на нејзиниот син Марко Бијелиќ на социјалните мрежи.
Во октомври, Марко и неговата сопруга, Мелани, станаа родители на мало девојче кое го крстија Касенија, а Драгана Мирковиќ не ја криеше својата среќа што стана баба, па веднаш ја објави среќната вест.
Со оглед на тоа што Марко и неговата сопруга беа во центарот на вниманието во последните месеци, синот на Драгана стана жртва на измама.

Пејачката се огласи и објасни дека профилот на социјалната мрежа „TikTok“ што го носи името на Марко нема никаква врска со него.
– Ова е лажен TikTok профил! Поднесена е тужба против девојката што се занимава со вакви измами – напиша пејачката на Инстаграм.

Патем, Драгана Мирковиќ го прослави раѓањето на нејзината внука Ксенија во семејниот замок во Виена и се пофали со подароците што пристигнале за наследничката.
фото:Instagram printscreen/marko_vnm







