Живот и стил

Со помош на овие 3 намирници можете да внесете доволно витамин Е во организмот

Со помош на овие 3 намирници можете да внесете доволно витамин Е во организмот

Урамнотежениот внес на витамин Е е добра превенција за одржување на добро здравје

Витаминот Е е антиоксиданс, а неговото дејство го ослободува организмот од штетното влијание на слободните радикали од надворешната средина, кои ги оштетуваат клетките и можат да придонесат за развој на кардиоваскуларни заболувања и рак.

Витаминот Е има корисен ефект врз изгледот на кожата и го забавува нејзиното стареење. Исто така, има извонредно влијание врз имунолошкиот систем, клеточните функции, а експертите веруваат дека витаминот Е и плодноста се директно поврзани, бидејќи витаминот Е игра важна улога во процесот на созревање на спермата.

Најмногу го има во зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, морска храна и овошје. Бидејќи го немаме во организмот, можеме да го добиеме само преку правилна исхрана која ги вклучува овие намирници.

Храна богата со витамин Е:

  • Маслинки
  • Семки од сончоглед
  • Блитва
To top