Вељко Ражнатовиќ живее во Тител со сопругата, а започнал и бизнис вреден 30.000 евра.
Имено, тој го издржува своето семејство со одгледување прасиња, а сега откри како изгледа неговата фарма.
– За оваа парцела плати веројатно 30.000 евра, тоа е голема фарма што не може секој да си ја дозволи. Внатре има многу свињи и прасиња, купил и коњ, а во сето тоа вложил најмалку 20.000 евра. Имаат луѓе кои доаѓаат и се грижат за се. Не сум љубоморен, мило ми е што е таму, сигурно не би имал пари да го купам. Подобро да го купи и да инвестира, отколку да пропадне – рекол соседот, а пренесува „Блиц“.
Вељко на својот имот изградил и објект од 5.000 метри квадратни и вработил бројни луѓе, а од бизнисот целосно самостојно го издржува своето петчлено семејство.
foto: Printscreen/instagram/veljkoraznatovic