Шенон Доерти, актерката најпозната по улогите во сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Волшебнички“, почина во саботата на 53-годишна возраст.
Шенон ја сподели својата последна објава на Инстаграм пред две недели, откривајќи како се чувствува како дел од нејзиниот подкаст.
„Првпат не знам колку долго ќе бидам на хемотерапија и дали ќе биде три месеци или шест месеци или за три месеци ќе сфатиме дека тоа не функционира и повторно ќе го промениме третманот“, рече таа.
„Тоа не е нешто што можам да го предвидам. Тоа не е нешто што моите лекари можат да го предвидат и е страшно. Иако е голем повик за будење, има и позитивно. Позитивното е што молекуларните структури на моите клетки на ракот неодамна се променија. Тоа значи има повеќе протоколи што можат да ги испробаат“, објасни таа.
„Прв пат по неколку месеци чувствувам надеж бидејќи сега има толку многу опции. Имав надеж и порано, но сепак се подготвував“, вели таа во својата последна објава.
На актерката првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а по мастектомијата, болеста се прошири на нејзините лимфни јазли во 2018 година. Една година подоцна дознала дека ракот се проширил и е во четврта фаза и морала да оди на операција на мозокот.
фото:Instagram printscreen/ theshando