Радио Милева административен товар

Со години ја знаете како Сузана Манчиќ, но ова е нејзиното вистинско презиме кое и прави проблем со сопругот (фото)

Со години ја знаете како Сузана Манчиќ, но ова е нејзиното вистинско презиме кое и прави проблем со сопругот (фото)

Сузана Манчиќ на јавната сцена е речиси пет децении, а нејзиното вистинско име никој не го знае.

Водителката која е препознатлива по специфичната насмевка, харизма и убавина, со години се претставува со моминското презиме Манчиќ, додека на нејзините документи се гледа она што го земала кога се омажила за првиот сопруг.

Таа за Гранд откри дека нејзиното вистинско име е Сузана Куниќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

-Традиционално го земав презимето на сопругот и потоа кога се во прашање официјалните документи, луѓето се чудат како „Ти не си Манчиќ?“, велам „Па не сум“ – изјавила Сузана за Гранд.

Поради презимето на нејзиниот поранешен сопруг, таа денес често се „спори“ со сегашниот сопруг Симеон.

-Мојот сопруг вели „Добро Манчиќ, не мора да го носиш моето презиме, но не е во ред што си мажена за мене, а имаш презиме на друг сопруг“ – призна водителката и откри дека менувањето на презимето во документите сега и е проблем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

-Таква компликација е да се сменат сите хартии, имам регистрирана фирма на мое име, банкарски сметки, недвижен имот… Сето тоа морам да го сменам – изјави таа за Гранд и додаде:

-Да имаше агенција што би го направила тоа, јас би променила се’ заради тоа.

фото:Instagram printscreen/ suzanamancicofficial

To top