Велигден помина… Ама изреката остана… Дека, „не е секој ден Велигден“, а и не мора да биде, за од нешто да извлечеш поука. Не мора ни јајцата да се велигденски, за да сфатиш дека се исти како луѓето… Тоа македонската ТВ водителка Снеже Велков најдобро го знае, а Велигден и беше само добар повод за компарацијата помеѓу луѓето и јајцата. Според неа, и едните и другите ги има три вида.

Еве ја нејзината велигденска лекција која само и ја потврдила тезата.
Едни, не попуштаат под притисок.
Колку повеќе ги удираш, толку повеќе држат.
Со нив знаеш на што си.
И убаво е да имаш такви покрај себе.
Со нив и ти си појак.
Макар имал и само еден.
Други – се кршат.
Кревки се… ама барем се вистински.
Е со нив треба поинаку.
За друго им е намената –
да ти ја нахранат душичката.
А третите…смрдат. Корнат.
На почеток мислиш – не е до нив.
Сигурно ти се причинува.
Гледаш – однадвор убави, сјајни…
па си викаш „ај не е тоа“.
Ама поминува време а “мирисот” не поминува.
Ги тргаш малку подалеку…ама не се одмирисува.
Само повеќе се шири.
И тука е лекцијата:
Не чекај да стане неподносливо
за да си признаеш дека тука “нешто смрди”
Значи
Не давај втора шанса
на нешто што на прва не мириса добро.
View this post on Instagram
Од нејзината поетска велигденска лекција остана само дилемата, да ја открие во некоја следна прилика, макар и со задоцнување, какви луѓе најчесто циркулираат во нејзиното блиско опкружување? Или што би рекла самата, какви јајца, од кој вид и од која сорта, најчесто знаат да се најдат во нејзината „корпа“?

Фото: Инстаграм/velkovsneze





