Радио Милева гола црвенкапа

Снегот се топи од жешката Бела Хадид која е екстремно секси во црвено мини бикини (фото)

Снегот се топи од жешката Бела Хадид која е екстремно секси во црвено мини бикини (фото)

Бела Хадид на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира на снегот облечена само во бикини.

Како што наведува во својата објава на Инстаграм, фотографиите се направени на 1-ви јануари годинава. Имено, 28-годишната манекенка на овој начин сакала да рекламира свилена марама од својата колекција.

-Завиткајте се во природа и љубов, каде и да талкате оваа зима. Хидратантни мириси и свилени ткаенини за вашата кожа измрзната, вели манекенката.

Таа за оваа прилика се одлучила за црвено бикини и каубојски чизми. За ограничено време, свилената марама ќе биде бесплатна и достапна со секое купување на нејзините парфеми.

-Ги ставам на мојата чанта, околу вратот, преку појасот. Опседната сум со нив. Се надевам дека ги сакате исто како и јас. Ова е едно од моите омилени специјални парчиња што ги направивме, рекла Бела.

На крајот на септември, Хадид се врати на модната писта за првпат по две години за време на модната недела во Париз.

фото:Instagram printscreen/ bellahadid

To top