Радио Милева за добро утро

Сме виделе се’, но и вакво нешто не: Сузана Гавазова по пижами и без грам шминка

Сме виделе се’, но и вакво нешто не: Сузана Гавазова по пижами и без грам шминка

Велат дека вистински тест за привлечност кај посилниот пол и доказ за убавина е кога жената ќе стане од спиење, ќе има широка маица и коса во репче. Без грам шминка.

Ова е навистина убава глетка, особено кога дамата е храбра да се покаже и на социјалните мрежи во вакво издание. Токму во вакво светло за добро утро, поздрав преку Инстаграм прати пејачката Сузана Гавазова.

Кошула пижама, ноншалантно пуштена коса, Сузе направи кадар од кој се прикажа себеси онаква каква навистина е, природна, опуштена и своја во својата дома.

За неа секојдневието има агенда која почува од рутина за лична нега со производи од кои е задоволна, па овој пат сакаше да ги покаже и сподели со следбеничките.

Дека се носи со секој предизвик пред неа покажува што успева да најде време за се’, сигурно со помош и асистенција од семејството, особено од сопругот.

А кога го истера редот, тогаш следеше и поздравот тип- топ средена.

А за Сузе денот најубаво почнува со песна, задоволна и среќна жена, исполнета за се’ она што следи…

фото:Instagram printscreen/suzanagavazova

To top