Познатата пејачка Џош Стоун живее убави денови на возбуда и тоа таква каква ретко може да се случи. Имено британската музичка ѕвезда пред неколку недели го посвои својот син Бер, а потоа дозна дека е бремена.
Таа ги изненади своите фанови со веста, а и самата остана шокирана кога дозна дека ќе има уште едно дете. Таа и нејзиниот сопруг Коди Далуз имаат уште две деца, Вајолет и Шеклтон.
View this post on Instagram
Џош ја сподели радосната вест на Инстаграм, откако неодамна изјави дека сака да има седум деца.
Пејачката сподели видео направено од неколку фотографии на кое покажа колку била шокирана кога дознала дека е бремена.
– Искрено, потценување е да се каже дека сум во шок. Ништо и никој сега не може да ни ја одземе радоста. Ние сме толку воодушевени! Можеби турнејата ‘Less is more’ треба да ја наречеме турнеја за трудници – напиша таа покрај видеото.
View this post on Instagram
Претходно овој месец Џош и нејзиниот сопруг открија дека посвоиле син, а потоа споделија видео од моментот кога Виолет и Шеклтон го запознале својот брат на Денот на благодарноста, пишува Телеграф.рс.
фото:Instgagram printscreen/ jossstone