Радио Милева млад борец

Славната пејачка на свои неполни 30 години боледува од тве тешки болести: „Среќна сум што воопшто сум жива“ (видео)

Славната пејачка на свои неполни 30 години боледува од тве тешки болести: „Среќна сум што воопшто сум жива“ (видео)

Познатата пејачка Холси објави дека се бори против две тешки болести – лупус и леукемија. Таа го откри ова на својот профил на Инстаграм, споделувајќи низа видеа на кои плаче додека прима инфузија.

„Да не должам премногу, среќна сум што воопшто сум жива. Накратко, напишав албум“, напишала славната пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)

Иако не истакнала прецизно дека ѝ биле дијагностицирани овие две болести, во својата објава означила две медицински организации: „The Leukemia & Lymphoma Society“ и „Lupus Research Alliance“, што јасно укажува дека најверојатно станува збор за леукемија и лупус, автоимуна болест.

„Се чувствувам како некоја стара дама“, вели Холси во првата од неколкуте снимки, додека ги трие нозете во очигледни болки.

„Реков дека си давам себеси уште две години да бидам болна. На 30 ќе се препородам, нема да бидам болна, ќе изгледам неверојатно згодно и ќе имам многу енергија. Едноставно ќе можам да ги повторам моите 20-ти во моите 30-ти години“, додава пејачката на подоцнежните кадри, бодрејќи се себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)

Холси всушност сподели компилација од видеа и фотографии кои го документираат процесот на нејзините болести и нивното лекување, а судејќи според датумите што може да се видат, таа се бори со нив најмалку една и пол година.

фото:Instagram printscreen/ iamhalsey

To top