Радио Милева роденденска честитка

Славите во домот на Ражнатовиќ продолжуваат: Анастасија прва се огласи, Цеца среќна со повод (фото)

Славите во домот на Ражнатовиќ продолжуваат: Анастасија прва се огласи, Цеца среќна со повод (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 51 година.

Нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ беше меѓу првите кои и го честитаа роденденот на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа ја објави нивната заедничка фотографија и испрати емотивни зборови.

– Среќен роденден на најдобрата мама на светот! Биди секогаш среќна! Ништо помалку не ти доликува! Те сакам! рече Анастасија, од што  Цеца со сигурност  се воодушеви!

За потсетување и Анастасија неодамна на 25 мај го прослави својот 26-ти роденден. Освен оваа Цеца има уште две причини за славење.

Имено, таа неодамна објави дуетска песна со Жељко Јоксимовиќ „Повеќе од среќа“.

Инаку, Цеца и Жељко, кои се пријатели и долгогодишни соработници, со месеци напорно работеа на песната за да ја доведат до совршенство.

Жељко истакна дека чекале 20 години за да се оствари оваа соработка, а Цеца додаде дека во денешно време е тешко да се смисли добра песна.

А синоќа излезе уште еден дует на Цеца, кој го сними со младиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж, наречен „Мушкарчина“ и се најде на неговиот нов албум.

фото: printskrin/instgaram

To top