Пред неполна недела гитаристот на братското дуо „Некст тајм“,Мартин Филиповски и ракометарката Андреа Белеска се остварија во најубавата улога- станаа родители за првпат.

Како што e редот, се собраа двете семејства, пријателите, роднините…
Се славеше со мекици во една скопска кафеана, па со насмевка и подарок во рацете гостите дојдоа да честитаат и наздрават за приновата на Мартин и Андреа за доаѓањето на нивната принцеза Лиана.

Денот кога се роди, делумно ја покажаа објавувајќи дека сега целот свет е во нивите раце, а следно беа уште неколку фотографии од бебенцето.

Една со тато во болница, потоа и заедничка од дома каде гордите родители ја држат заедно.

А тука беше и огромниот пакет подароци во нивниот дом, се разбира се’ за Лиана.

На среќата едноставно и нема крај, тон емоции, трепет на срце и душа од убавини дадени од Бога!
фото:Instagram printscreen/ bl.andrea







