Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска на Фестивалот „Скопско лето“ ќе го одржат промотивниот концерт на нивниот нов музички албум насловен „Егрегор”.
На концертот кој ќе се одржи на 3-ти јули, (четврток) на една од најинспиративните концертни локации во Македонија, Куршумли Ан (Стара Скопска Чаршија) со почеток во 20 часот, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска -виола и Александар Ицковски – виолончело.