Скарлет Јохансон официјално стана најплатената главна актерка во историјата на Холивуд.
40-годишната американска ѕвезда ги надмина своите колеги од кинематографскиот универзум на Марвел, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Џуниор, и стана главна актерка со најголема заработка на бокс-офисот.

Најновото продолжение на светски познатата франшиза за диносауруси, Светот на Јура: Преродбата, во која Скарлет Јохансон ја презема главната улога од Крис Прат, беше клучно за овој историски резултат. Во филмот, актерката ја игра Зора Бенет, поранешна воена оперативка која тргнува на мисија на еден од ретките преостанати острови каде што диносаурусите сè уште шетаат слободно по настаните од претходната трилогија „Јураски свет“. Филмот заработи импресивни 318 милиони долари глобално во првите шест дена од објавувањето.
Според „The Numbers“, филмовите во кои глуми Јохансон или една од главните улоги заработиле вкупно 14,8 милијарди долари.
Покрај тоа што Јохансон ги престигна Џексон (14,6 милијарди долари) и Дауни Џуниор (14,2 милијарди долари), нејзиниот успех станува уште поимпресивен кога ќе се земе предвид дека го постигна овој резултат со 36 филмови. Во споредба со неа, Џексон сними 71 филм, а Дауни Џуниор 45 од нив. Просечната заработка по нејзин филм е дури 405,9 милиони долари, што е значително повеќе од 205,7 милиони долари на Џексон и 318,1 милиони долари на Дауни.
фото: print Screen/Instagram







