Радио Милева само за неа

Скапа декорација и огномет од вилата во Дојран: Сузана Гавазова создаде магија за ќерката со роденденска забава од која детскиот сон стана реалност (видео)

Скапа декорација и огномет од вилата во Дојран: Сузана Гавазова создаде магија за ќерката со роденденска забава од која детскиот сон стана реалност (видео)

Роденден, посебен ден кога сите се чувствуваме специјално, секогаш во зависност од годините, искуствата, а особено најеуфорично го дочекуваат и чекаат дечињата.

Овој специјален ден – роденден го славеше постарата ќерка на фолк пејачката Сузана Гавазова, Емили, која наполни 10 години.

Возбудена беше славеничката, но исто и мама Сузе која се потруди денот на својата сакана да и го претвори во најубав и фантазијата да и ја претвоири во реалност, па 10-от роденден да го памети за цел живиот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Studio M (@studio_mitanoski)

Емили очигледно дека ја сака Барби, па се’ беше во знакот на розовата боја од скапата декорација од нивната семејна вила во Дојран.

Таму беа сите другарчиња на славеничката, па како што е ред детската игра течеше по ред , се додека не дојде редот за највозбудливото, тортата, дувањето свеќички, но и огнометот од кој небото над Дојран блескаше само за Емили.

-Замисли нешто најубаво, најслатко, додади на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди. Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам, Среќен 10 ти роденден ќеркичке наша,да си ни жива и здрава! Те сакаме наша Емили.

Она што Емили го замисли и посака, мама и тато се потрудија максимално да го исполнат, па ако не и многу повеќе.

Среќен роденден!

To top