Шакира се врати на сцената со стил, зрачи со енергија и испрати моќна порака додека ја започна својата долгоочекувана светска турнеја Las Mujeres Ya No Lloran на стадионот Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро.
Пејачката ја плени публиката со емотивен настап исполнет со носталгија и музички сјај, комбинирајќи ги нејзините најголеми хитови со песните од нејзиниот последен албум.
Сепак, таа не ја пропушти приликата да го „пецне“ поранешниот сопруг кој ја изневерил.
За време на концертот се случи вирален момент кога обожавателите почнаа да скандираат навреди против нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике. Навредите не престанаа, а цел свет зборува за скандалозното однесување на публиката.
@thalita.gabriela.bsb Estádio não perdoou nem felicitou o querido Pique kkkk! No primeiro show da turnê já tá assim! Kkkk #shakita #lasmujeresyanolloran #riodejaneiro
Шакира на тоа одговори со свесна насмевка и гест да го зголемат скандирањето (таа свесно се насмевна, а потоа гестикулираше „повеќе“ со рацете), дополнително подигнувајќи ја енергијата на публиката.
Концертот беше проткаен со симболика. За време на песната „Akróstico“ на големото платно беа прикажани емотивни слики од нејзините синови, Милан и Саша, кои длабоко ја трогнаа публиката.
„Музиката лечи“, рече таа на крајот.
„Да сакаш некој друг е убаво, но да се сакаш себеси е уште поубаво“.
фото: printscreen/TIkTok