Радио Милева грешка или ... ?

Скандал на Евровизија – Италијанците ги пренесуваа резултатите од гласањето во живо (видео) 

Скандал на Евровизија – Италијанците ги пренесуваа резултатите од гласањето во живо (видео) 

За време на преносот на второто полуфинале на Евровизија се случи невиден пех.

За време на прикажувањето на клиповите на финалистите, италијанската телевизија „Раи“ случајно ги објави резултатите од „телевоутингот“.

Според објавеното – Израел доби 12 поени со 39 отсто од гласовите, а Холандија со 10 поени со 7,3 отсто од гласовите.

Погледнете го видеото:

Оваа грешка предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многу гледачи се посомневаа дека резултатите се објавени случајно. Причина за тоа е фактот што публиката вчера го исвирка настапот на израелската представничка Еден Голан.

Во второто полуфинале се пласираа Летонија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија, а од првото полуфинале се пласираа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска  и Луксембург.

фото: primtskrin/instagram

To top