Младата музичка ѕвезда Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, со своите фотографии ги „запали“ социјалните мрежи.
Пејачката сме ја виделе во разни изданија и комбинации, но таа никогаш не објавила фотографии во костим за капење, барем до сега.
Бресквица реши да ги израдува своите фанови, па на својата кратка приказна на Инстаграм сподели две фотографии во дводелно сино-бело бикини, а сите ја коментираа првата на која таа позира во провокативна поза.
Она што паѓа во очи е тоа што младата пејачка нема ниту грам шминка на лицето и изгледа одлично во својата природна кожа, што со оглед на нејзината возраст (23) и не е толку тешко.
фото: printskrin/instagram/brrrreskvica