Радио Милева нека се множат...

Сите и честитаа нејзе, а само таа нему: Антониа Гиговска го славеше „денот што го чекаме цела година“, па доби мноштво честитки, а ова се највпечатливите: „Среќан роденден копиљ“!

Сите и честитаа нејзе, а само таа нему: Антониа Гиговска го славеше „денот што го чекаме цела година“, па доби мноштво честитки, а ова се највпечатливите: „Среќан роденден копиљ“!

„Роденден е денот што го чекаме цела година…“ – велат стиховите на познатата детска песничка.  А токму 21 јануари е денот кога пред извесен број години на овој свет дошла и Антониа Гиговска.

На дамите оддамна сме рекле дека не им се бројат годините, освен ако тие самите не си ги „избројат“ откако јавно ќе ги откријат, како во случајов нашата пејачка, која гордо се пофали со својата 25-ка!

И разбирливо,  кога ти  е роденден следуваат грст подароци, дузина бакнежи и прегратки и мноштво честитки. Денес се модерни времиња, дигитална ера, па и честитките се се’ помалку непосредни лице в лице, туку најмногу се честита преку пораки, видеа  и фотографии, испратени на личните профили на социјалните мрежи. Токму такви и најмногу доби македонската пејачка која во подготовка на својот нов албум, се почесто е на релација Скопје – Белград каде снима, а во Македонија се враќа само за веќе закажаните настапи.

Се снимаат нови песни, ама се снимаат и поткасти, а во оној што повеќе личи на српско ријалити, кај Ритко и Боки 13-ка само неколку дена пред роденденот гостуваше и Гиговска, а тие со роденденска честитка ја поздравија славеничката.

Роденденот не би бил тоа што е и љубовта не би постоела, ако не го добиеш највозбудливиот бакнеж од оној со кој делиш постела. А Гиговска сосе роденденската честитка како „кента флеш“ во покер, ги доби од својот сопруг Роберт, познат како Џокер!

Маж си е маж, ама пред да дојде во  животот на славеничката постоеле и други, уште поважни мажи…  Но, да не се разбереме погрешно, мислевме на оние со кои Гиговска е поврзана во крвна врска… Брат си е брат, а од желбата што и ја посакал, запира здивот: „Насмеана да бидеш цел живот“!

Кога сме веќе кај фамилијата, поблиска или подалечна, роденденската желба е единствена, само начинот на честитање е различен: „Среќен роденден на оваа убавина“ – и порачала колешката пејачка Јана Спирковска, во случајов понежна половина на братот на сопругот на Гиговска, или поедноставно на славеничката и паѓа  – јатрва!

Роденденот на Антониа и го честиташе уште една колешка-пејачка, само оваа многу попопуларна и попозната. Тамара Тодевска со најнеобичната фотографија ја потсети „малечката славеничка“ на времето кога обете беа на „Евровизија“. Тамара со „Proud“ најгородо што може ја претстави Македонија, а Гиговска беше дел од нејзината вокална придружба. Сликата намерно „внимателно одбрана“,  па да не знаете дека е таа на фотографијата, тешко дека би ја препознале… А честитката од Тамара, кажана онака по скопски: „Среќен роденден копиљ“!

И да биде впечатоткот комплетен се погрижи коинциденцијата на овој славенички ден. Зашто на ист датум само во многу различна година се родени обајцата. И Антониа Гиговска и еден од нејзините најблиски соработници, композиторот и продуцент Дарко Димитров. И додека сите нејзе и честитаа, таа со заедничка фотка и порака се потруди да му го честита роденденот нему… ама и себе си! За уште многу заеднички песни и хитови!

Епа, нека им се можат… И годините и песните и хитовите!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

To top