Радио Милева во бел мантил

Симона Поповска покажа на кого повлекле синчињата: „Мајкини мои“

Симона Поповска покажа на кого повлекле синчињата: „Мајкини мои“

Пејачката и докторка Симона Поповска е турбо активна млада жена, сопруга и мајка која успешно се справува со сите приватни и професионални предизвици.

Симона за релативно брзо време стана мајка на две синчиња, но и покрај тоа што се во период кога негата, грижата и воспитувањето се од суштинска природна за нив, мама Симона успева да се снајде како дома, така и со сите професионални обврски.

Едно време музичката кариера и беше ставена на пауза, но сега како на работата во ординација каде ги советува и естетски коригира своите пациенти, таа исто и настапува, а редовно вади и нови песни.

Сепак, она што е животен приоритет и најголема гордост, се двете синчиња, три ипол годишниот Стафан и петгодишниот Никола.

Ако таа како што вели, кога била мала ги лечела куклите, сега Стефан и Никола сакаат да бидат како кој друг ако не како мама – доктори во бели мантили.

Ова сигурно ќе бидат најслатките и најубавите млади докторчиња кои ќе ги видите денес, а ќе ви направат само убаво на душа.

Инаку, во семејството на Симона освен таа, докторки се и нејзините две сестри, така што лозата доктори во најава очигледно само ќе се шири и продолжува.

 

фото:Instagram printscreen/ simonapopovskaofficial

To top