Под огнено небо, со тело како божица, потемнета кожа и секси бикини…
Симона Поповска го сними спотот за новата летна песна со наслов „Ловец и плен“ која неодамна ја објави, а сега една недела подоцна се редат по социјални мрежи и фотките кои настанаа за време на снимањето на море во Грција.
За разлика од досегашната пракса на објавување фотки од усни кои ги коритирала на своите клиентки – пациентки, сега доктор Симона го прошари профилот и со нешто ново и од музички план.
По две бремености и тоа набрзо една по друга, докторката се врати во форма и храбро позираше во неколку костими за капење, па меѓу истите и едно тренди пурпурно танга бикини. Храбра, самоуверена и секси, но и со една порака од описот, баш онака како што пее и во тестот за „Ловец и плен“.
И сите као нешто многу знаат…
А знам зад грб колку сите ме лаат,
А никој од нив баш и нема појма
Која сум јас !
Ние пак овој пат нема да пишуваме за лажните фасади и лошите проценки за кои пее Симона и се фокусираме на убавата слика.
А за се’ друго погледнете го видеото кое ќе ве внесе уште подлабоко во тој свет каде секој од нас понекогаш е и ловец и плен…
фото: Instagram printscreen/simonapopovskaofficial