Радио Милева времеплов

Шишките се нејзин заштитен знак кои ги носи од мали нозе: Погодувате ли која позната Македонка е ова девојченце? (фото)

Шишките се нејзин заштитен знак кои ги носи од мали нозе: Погодувате ли која позната Македонка е ова девојченце? (фото)

Таа е една од нашите најпопуларни водителки. Ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот шарм и непосредност, а она што ја карактеризира е младоликиот изглед кој остана како нејзин печат кога некој би ја опишал.

Оттука, многумина тешко би поверувале дека таа е остварена мајка и тоа на 11 годишна ќерка.

За нејзините професионални ангажмани, позајмувањето на глас за реклами и инфлуенсерството, јавноста, особено оние кои ја следат на Инстаграм се добро запознаени. Но, за се’ она што и се случува на приватен план, таа не така често знае да го открие, барем не она што не преферира.

Можеби веќе претпоставувате дека малото слатко девојченце од фотографијата е водителката Елена Стојановска.

Она што таа не се штеди да го покаже е тоа како изгледала како бебе, малечка, тинејџерка, а од многуте такви фотографии едно е забележително, шишките кои никогаш не ги менува.

Таква била и малечка, кога веројатно мама решила да и направат фризура. На еден таков спомен се потсети и сега, за кој и самата не е сигурна од кое време е, но тоа го остави за да ја праша мајка си.

Спомените и старите фотографии редовно се на дневен репертоар кај Елена, а ако некои преферираат да соријат какви биле порано, Елена напротив, сака гордо да покаже, независно дали имала 3 или 43 години.

фото:Instagram printscreen/enna_inna

To top