Ана Костадиновска ја одбележа полугодишнината од смртта на Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, огласувајќи се и на социјалните мрежи.
Заедно со неколку споделени фотографии, таа се потсети на колегата и пријателот кој го загуби животот поради тешките повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Панчо почина на 14 октомври 2025 година, по неколкумесечна борба во болница, откако претрпе сериозни изгореници во несреќата.

Хитовите на ДНК продолжуваат да живеат и да одекнуваат меѓу обожавателите, сепак, за најмилите, тагата останува длабока, особено на датумите кога тоа се случило, од моментот кога се брои времето без нив.


„Шест месеци без тебе! Недостасуваш проклето многу“ – напиша Ана Костадиновска под фотографиите, додавајќи емотикони од катанец, срце и фластер, симболи кои означуваат дека раните од загубата сè уште крвават.

Foto: printscreen/instаgram/kostadinovska2486





