Со продадени 95 милиони CD-а, Шакира важи за една од најуспешните латино артисти, иако во трите децении од нејзината кариера ја придружуваа низа крајно турбулентни ситуации.
Колумбиската поп пејачка пред неколку месеци го објави спотот за нејзиниот нов сингл „Punteria“ и по две години повторно го привлече вниманието на јавноста.
Иако многумина, велеа дека таа е на чекор од дното, со неодамнешната најава за претстојната турнеја таа докажа дека „воскреснала од пепелта“.
Болката од неверството на Пике и крајот на нивната љубов, таа ја поднела многу тешко. Сега откри како навистина се чувствувала.
-Страдањето што го почувствував беше, веројатно, најголемото што го доживеав во целиот мој живот и понекогаш ме спречуваше да функционирам нормално. Се чувствував како некој да ми заби нож во градите. Чувството беше толку реално, речиси физичко. Физички се чувствував како да имам дупка во срцето и дека луѓето гледаат низ мене, признала таа во последното интервју за порталот „Јаху“.
На почетокот на 2022 година, во медиумите кружеа гласини дека Шакира и нејзиното момче, шпанскиот фудбалер Жерар Пике, раскинале по 11 години врска, што го потврдија во февруари истата година.
Сите маки низ кои поминала ги искажала во настапот што го направи со аргентинскиот продуцент Бизарпа, на почетокот на оваа година. Многумина се прашуваа дали зборовите од песните кои ги претстави на настапот се всушност посветени на бившиот и неговата нова љубов, но и на сите претходни неволји кои ги надминала.
-Не знаете какво олеснување почувствував. Големо олеснување. Патем, менаџерот ми рече: „Те молам смени го текстот“. Се разбира, се обидов да предвидам непредвидени ситуации и ризици, но се сетив дека сум уметник, жена, ранет волк и дека никој не може да каже јас како да ги излечам своите рани, изјавила за „Ролинг Стоун“.
фото: printskrin/YouTube