Пејачката Ксенија Пајчин денеска, 3 декември, ќе го прославеше својот 47 роденден. По тој повод, нејзината сестра Миа Пајчин на својата инстаграм приказна објави емотивна порака на англиски јазик.
Таа објави фотографија од пејачката која во 2010 година трагично го загуби животот. Пејачката ја уби нејзиното момче Филип Каписода, кој потоа изврши самоубиство.
Миа се пристети на роденденот на сестра си и напиша: Секој ден се повеќе ми недостигаш. Среќен роденден најубава моја.
Да потсетиме, неодамна актерот Раде Ќосиќ откри дека ќе почне да снима филм за Ксенија и дека ќе ја обиколи цела Србија во потрага по актерка која ќе ја портретира. Најдобриот пријател на пејачката, Бане Девиќ изјави дека е запознаен со идејата и дека семејството на покојната пејачка дало дозвола.
фото: printscreen/instgaram/mia_pajcin