По телевизиското емитување на неодамна одржаната „Златна бубамара“, познатиот македонски стилист и моден критичар Сергеј Варошлија не можеше да остане воздржан за она што му бодеше очи и му ја пукна душата од стајлинзите кои ги виде таму меѓу познатите.
Тогаш преку својот Инстаграм профил не остана должен вербално да го направи партали стајлингот на ТВ водителката Вера Мештеровиќ, од фустанот, па се до фрузурата.
За Сергеј нејзиниот, односно изборот на стилистот/дизајнерот бил за да тој да почади од уроци за вакво нешто да не види никогаш повеќе.
Арно ама ова негово излагање и олеснување не беше доволно, па го парталоса изгледот на Вера и при неговото гостување во подкасот кај јутјуберот Стефан Лазаров.
Се’ она што откако преспа неколку ноќи, повроно му дојде на памет, а уроците веројатно не беа истерани со почадувањето, Варошлија дополнително се докажа што гледаат неговите очи.
-Леле со таа Вера, Божее, Веро-Неверо!
Што и фали на женава тука?- праша Лазаров.
-Дечко стварно, ти дали си крстен? Како што и фали? Во харем не ги примаат овие, ги даваат таму на тие драпаниците да ги искубат. Ова е Индија „themed“. На слон како да ја качиле, како да е плесачица за на слон. Несоодветно е на нејзиното тело. Реси, материјал, чуда, види го деколтето какво е. Види ја дупката на стомак, тие дрангулиите, по чудна должина, со тапирана коса. Тука веројатно била висока 2.30 см. Перо Антиќ да стои тука до Вера, Вера одозгора ќе го гледа. Ја облекле во тенеќе фустан. Плус, претпоставувам дека инспириранио биле од фустанот на Мајли Сајрус кога доби Греми. Но, на Мајли Сајрус телото, ова стои прерфектно и башка целиот изглед на Мајли на тој настан е омаж на Тина Тарнер. На кого тука правиме омаж, на плесачица на слон во Индија?- се дополни Сергеј, а веројатно имаше уште многу тоа да каже…
View this post on Instagram
Инаку, Сергеј напомена дека со Вера се познава од многу одамна и дека треба да се разграничи моментот дека тој не ја напаѓа нејзе како личност, туку изгледот со кој се појави на настанот, а за истиот бил задолжен некој друг на кој таа се доверила.
фото:Instagram printscreen/lazarovpodcast/