Славната актерка Селма Хајек го прослави својот 59-ти роденден, и ако ги погледнете нејзините фотографии, сигурно не би ѝ дале толку години.
По овој повод, таа објави и фотографија на Инстаграм со уникатен опис. Патем, Селма е позната по тоа што секогаш објавува реални фотографии, не користи филтри и е секогаш природна.
А сега остана верна на себе, позираше во црвен костим за капење и им се заблагодари на сите за нивната љубов.
-59 патувања околу сонцето и сè уште танцувам. На здравје на сите и ви благодарам за вашата љубов, рече Селма.
View this post on Instagram
Ентони Хопкинс беше меѓу првите што ѝ честитаа, а потоа почнаа да се слеваат честитки и пофални зборови од други луѓе.
фото: printsceen/Instagram







