Радио Милева храбро до подобро утре

Селин Дион не сака да биде жртва на тешката болест: „Се надевам на чудо“ (фото)

Селин Дион не сака да биде жртва на тешката болест: „Се надевам на чудо“ (фото)

Славната пејачка Селин Дион позираше за насловната страница на француското издание на Вог и зборуваше за својата болест. Имено, пејачката боледува од невролошко нарушување наречено синдром на вкочанета личност кое ѝ беше дијагностицирано есента 2022 година.

„Не ја победив болеста затоа што таа сè уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излекуваме преку научни истражувања, но токму сега морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега, со синдром на вкочанета личност“, изјави таа за „Vogue“.

Дион открила како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

„Пет дена во неделата се подложувам на атлетска, физичка и вокална терапија. Работам на прстите, колената, листовите, пеам, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: ‘Зошто јас? Како се случи тоа? Што направив? Дали јас сум виновна?’“, вели пејачката.

Таа вели дека моментално има два избора – да тренира како спортист или целосно да се исклучи.

„Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што јас гледам, имам два избора. Или тренирам како спортист и работам напорно, или се исклучувам и останувам дома, ги слушам своите песни, застанувам пред огледалото и пеам. Одбрав да работам со цело тело и душа, од глава до пети, со медицински тим. Сакам да бидам најдобра што можам. Мојата цел е повторно да ја видам Ајфеловата кула“.

Открила кој најмногу ѝ помага во оваа борба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

„Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите, исто така и поддршката на мојот тим. Луѓето кои страдаат од овој синдром можеби немаат доволно среќа или немаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Јас ги имам тие средства, тоа е дар. Ја имам таа сила во себе. Знам дека ништо нема да ме спречи“.

На прашањето дали ќе се врати на сцената вели дека нема конкретен одговор.

„Четири години си велам дека не се враќам, па дека сум спремна, а потоа не сум… Како што стојат работите, не можам да ви кажам: ‘Да, за четири месеци’. Не знам… Телото ќе ми каже. Од друга страна не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден во ден. Но, постои една работа која никогаш нема да престане, а тоа е волјата. Тоа е страста. Сонот. Тоа е одлучноста“, вели Селин.

фото:Instagram printscreen/ celinedion

To top